Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се искачи на Пелистер од каде цитирајќи го Фридрих Ниче, порача дека на висината никогаш не се искачувате залудно. Во негово друштво, меѓу останатите може да се забележи и пратеникот Илија Димовски.
„Стив, Илинден и конечно Пелистер, Битола, Република Македонија.
Наместо трка на 100 метри, одбирам маратон, за стигнување до целта и финална победа“, напиша Мицкоски на Фејсбук додавајќи цитат од Ниче: „На планините на висината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите сили за да може да се искачите повисоко утре”.