СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска, но нема бегање од правдата

461

Мицкоски не успеа. Побегна од лидерска средба, но нема бегање од правдата, му порачаа од СДСМ на лидерот на опозицијата.

„СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата. Затоа, како што најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, идната недела до Собранието ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство. Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив. Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО“, потсетуваат од владејачката партија.

Тие упатуваат порака дека нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.

„Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата“, порачуваат од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...