ВМРО-ДПМНЕ: Дали Катица Јанева го фалсификува и злоупотребува боледувањето?

419
20160212 Friday katica janeva

Катица Јанева веќе петти ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој  рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не ѝ верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потсетуваат и оти се погласни се гласините дека во случајот „Рекет“ вмешани се и високи функционери од власта.

„Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите се уште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле. Вистината за случајот Рекет мора  да се обелодени. Јавноста мора да знае какоКатица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај“, реагираат од опозицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...