Дескоска ѝ рекла на Брнс дека сме во сензитивна ситуација со новиот закон за ЈО

600

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнс.

Дескоска истакна дека во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство, кој наредната седмица ќе биде испратен во собраниска процедура, и дека овој закон претставува клучен предизвик во работата на Министерството за правда, соопшти Министерството за правда по средбата.

Амбасадорката Брнс ја пренесе поддршката на САД во процесот на градење на силни и независни институции базирани на принципот на владеење на правото, заштитата на човековите права и борбата против корупцијата.

Министерката Дескоска ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнс ѝ изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...