Новинарите во 1 ТВ загрижени за опстанокот на медиумот

1528

Речиси 100 вработени во телевизијата 1, чиј неформален сопственик Бојан Јовановски алијас Боки 13, е во притвор, од понеделникот наваму секојдневно стравуваат за својата иднина професионална и егзистенцијална, пишува Дојче веле.

Засега телевизијата продолжува да работи нормално, вели една новинарка која сакала да остане анонимна. Сите колеги и натаму доаѓаат на работа и си ги извршуваат дневните задачи, но стравот за иднината за куќата се чувствува на секој чекор.

Заминување од 1ТВ засега најавил само еден новинар-уредник. Во телевизијата веќе неколку недели ги нема уредниците кои работеле на проекти со хонорарни договори. Меѓу нив и, сега веќе, поранешниот главен и одговорен уредник Ацо Кабранов. Тој не е оптимист за иднината на 1ТВ по скандалот „Рекет“ во кој првоосомничен е сопственикот Бојан Јовановски.

– Песимист сум дека 1ТВ може да продолжи со работа. Жал ми е за 70-на новинари, камермани и друг технички кадар кој вредно и чесно си ја вршеше работата, а сега ќе мора да се соочат со реалноста, да си бараат друга работа за егзистенција. И да не се случеше ова веќе се подготвував од здравствени причини да се повлечам. Но да бидам искрен, скандалот, иако телевизијата со ништо не е инволвирана во тоа, ми ја прелеа чашата и ми ја зацврсти одлуката дека требе да си заминам, да си бидам пензионер и да си го чувам здравјето – вели Кабранов, кој признава дека скандалот само ја забрзал неговата одлука за повлекување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...