На предлог на Министерството за здравство, Владата денеска го утврди текстот на предлог-одлуките за започнување постапка за доделување лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување клетки од човечкото тело заради лекување-хематопоетски матични клетки за лекување срце, панкреас, очни ткива, црн дроб, бубрези и бели дробови.
Со оваа иницијатива ќе се остварат повеќе цели на Министерството за здравство како што е обезбедување соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението, намалување на трошоците за користење на здравствените услуги на осигурените лица во странство од областа на трансплантацијата за лекување во странство, обезбедување географска достапност на здравствените услуги, обезбедување подобри здравствени капацитети за вршење на здравствени услуги и обезбедување континуирана и квалитетна здравствена заштита.