Заев нема против лидерска во вила Водно

155

Премиерот Зоран Заев нема ништо против ако се согласат и другите претседатели на паертии лидерска средба да свика шефот на државата Стево Пендаровски.

Пендаровски претходно изјави дека местото за лидерска средба е кај шефот на државата.

– На било кое место за мене е прифатлива лидерска средба. Можеби и таму ни е местото, секое прашање кое е од стратешки интерес за државата, мора да се реши. Може да сме различни, но треба да ги исполнуваме интересите на граѓаните. Ако на поканата на претседателот Пендаросвки се одзват и другите лидери, ќе прифатам и јас – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...