Приведени тројца кавадарчани осомничени за фалсификување пари

520

Полициската страница Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

– Пријавените го сториле делото во текот на јуни оваа година. Тие набавиле вкупно 193 банкноти од по 500 денари, сите со ист сериски број, и 1.000 денари со ист сериски број, по што ги пуштале во промет во Кавадарци и во други градови – појасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...