Британската музичка ѕвезда Роби Вилијамс е во брак 13 години со американската актерка Ајда Филдс. Односот на популарната двојка беше секогаш интересен за медиумите, особено поради озборувањата на вработените кај семејството на Вилијамс што се ширеа во британските медиуми.
Овојпат на медиумите не им биле потребни приказни од луѓето блиски до пејачот и неговата сопруга, бидејќи фотографиите од брачната двојка како го напуштаат лондонскиот ресторан „Nobu Shoreditch“ биле повеќе од доволни.
Роби Вилијамс и Ајда Филдс биле фотографирани пред ресторанот. На изненадување на папараците и присутните, сопругата на британскиот музичар сериозно се променила.
Имено, познато е дека Ајда се подложила на бројни естетски зафати, но овојпат резултатите од посетите на клиниките за разубавување земале замав.
Твитерашите Ајда ја споредиле со духовите кои го посетуваат лондонскиот богаташ Скруџ од романот на Чарлс Дикенс.
„Таа е како духот на иднината кој најавува пропаст. Толку многу те преплашува, како му е на Роби во утринските часови кога таа се буди“, напишала една корисничка на Твитер.
FOTO: Printskrin/Profimedia
FOTO: Printskrin/Instagram