Возач завршил во море на плажа во Драмаљ, Цриквеница, пренесува „24сата.хр“.
– Постар господин околу 85 години сакаше да паркира на самиот раб на патот, баш до плажата, но наместо на кочници, стиснал на гаста, па прелета и заврши во морето. Притоа ја повреди една госпоѓа, која подоцна ја однесе Брзата помош. Но, не мислам дека повредата е страшна. Сите беа шокирани, мали деца и родители врескаа од страв – рекол еден од посетителите на плажата.
Како што било кажано, плажата била доста опасна бидејќи се наоѓа покрај самиот пат.
ФОТО: Читател на 24сата.хр