Садо-мазо ѝ го одзеде животот, ѝ пукнало цревото поради играчка долга 20 сантиметри

1021

Четириесет и деветгодишна Германка починала по садо-мазо секс кој траел дури 48 часа.

Парот се венчал минатата година, a двајцата многу сакале садо-мазо. Во текот на медениот месец претерале, па жената умрела по четири дена.

И пукнало цревото поради играчка долга 20 сантиметри, која ја користеле за време на сексуалниот однос.

Мажот пред судијата тврдел оти многу ја сакал починатата. По нејзината смрт, на Фејсбук напишал:

– За жал, мора да ве известам дека мојата сакана сопруга одеднаш почина, по осум дена од нашата венчавка. Очаен сум.

Судијата му поверувал.

– Претпоставувам дека осудениот вакво нешто нема да направи повторно – рекол судијата.

Мажот е осуден на условна казна, пишува Билд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...