Ужас во познатото летувалиште: Тинејџерка жртва на групно силување, уапсени дури 12 осомничени!

Момчињата се уапсени откако девојката пријавила дека била силувана во познатото кипарско летувалиште.

1729

Тинејџерка од Велика Британија, на возраст од 19 години, наводно била жртва на групно силување во еден хотел во Аја Напа, каде полицијата вчера уапсила 12 осомничени туристи од Израел.

Момчињата се уапсени откако девојката пријавила дека била силувана во познатото кипарско летувалиште.

Девојката со едниот од момчињата била интимна во текот на летувањето, а отседнале и во ист хотел. Страотната ноќ, кога се случило силувањето, тинејџерката со него се вратила од ноќно излегување во хотелот. Одеднаш во собата влегле уште 11 момчиња, почнале да ја силуваат, а некои дури грозоморниот чин го снимале со мобилните телефони притоа смеејќи се, изјавила тинејџерката.

Како што пренесуваат британските медиуми, приведените израелски државјани се на возраст од 16 до 18 години, а полицијата по нив дошла во средата наутро.

Судејќи според пишувањата на локалните медиуми, тие ќе мора да се појават пред судот веќе денеска.

Израелското Министерство за надворешни работи изјавило дека е запознато со случајот и дека воспоставило контакт со осомничените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...