Ќерката на Ел Чапо покрена модна линија со името на својот татко и веднаш стана хит! ФОТО

Ден пред изрекувањето на пресудата, неговата најстара ќерка Алехандрина Гузман Салазар официјално претставила модна линија наречена по нејзиниот татко „Ел Чапо 701“.

386

Мексиканскиот нарко-бос Хоакин Ел Чапо Гузман е осуден на доживотен затвор, пет месеци откако американскиот суд го осудил за шверц на дрога, перење пари и илегално поседување оружје.

Ден пред изрекувањето на пресудата, неговата најстара ќерка Алехандрина Гузман Салазар официјално претставила модна линија наречена по нејзиниот татко „Ел Чапо 701“ во Гвадалахара.

Бројот 701 го претставува местото кое Ел Чапо некогаш го заземал на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе. Американската влада сега сака да го заплени целиот негов имот кој е проценет на 12,7 милијарди долари, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Модна линија заснована на славата на еден од најголемите нарко босови во историјата би била совршена дополнителна „каса“, но американската влада веројатно нема да може да дојде до профитот.

– Не постои ништо што владата може да направи, колку и да се труди да го земе секој долар – рекол адвокатот Данкан Левин.

Линијата јакни, капи, ремени, чевли и запалки е во сопственост на ќерката на Ел Чапо, Алехандрина. Некои од производите ги направиле затвореници од затворот Пуенте Гранде, од каде нејзиниот татко побегнал во 2001 година.

Претставници на брендот најавиле дека приходот ќе биде наменет за реинтеграција на затворениците и програма за одвикнување од дрога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...