Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 11 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет од сообраќајките била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 38 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 13 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 15 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, четворица возачи за не давање првенство наминувње на возила во зона на крстосница, 12 возачи за не носење заштитен шлем, 16 возачи за не користење сигурносен појас и 20 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 54 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 48 возила.