Се опкружи со погрешни луѓе, дел како наметнати решенија, дел самиот си ги избра. Катастрофално погрешна проценка на карактери која на крајот резултираше со дебакл, со циркуз која е на штета на сите нас, но и на државата.
Ова што сега ни се случува е иреверзибилно како процес. Нема начин да се закрпи и да зе залепи, неопходно е да се направи излезна стратегија која би довела до стабилизација.
Дали тоа ќе биде техничка влада, експертска влада, широка влада, предвремени избори, не знам. Некој треба да седне и да процени. Ама вака понатаму не може, бидејќи сме заглавени во слепа улица.
Мислам дека и нему тоа му е јасно и во таа насока беше и обидот за лидерска средба, кој за жал пропадна, бидејќи и другата страна, која треба да ја разбере деликатноста на ситуацијата и да биде конструктивна, е длабоко криминализирана и не и е гајле ниту за државни, ниту за национални интереси. Гледаат само како да се спасат од затвор.
На крајот веројатно така и ќе заврши, сите ќе се спасат, а Македонија ќе ја потопат.
(ФБ статус на авторот)