Во рамки на Скопско лето, вечер во 20:30 часот во Националната галерија – Даут пашин амам, концерт ќе одржат виолончелистот од Словенија, кој живее и работи во САД, Гал Фаганел и нашата пијанистка Маја Божиновска.
Гал Фаганел е реномиран изведувач, наставник, ментор и артист. Медиумите го имаат возвишено за неговата „извонредно чувствителна интерпретација“, неговиот „моќен и прекрасен тон“ и неговата „брилијантна виртуозност и младечка енергија“. Како изведувач, Фаганел честопати учествува во рецитали, на концерти на камерна музика и како солист со оркестар низ Северна Америка и Европа. Победник е на многубројни меѓународни реномирани натпревари. Од 2006 година Фаганел има истражувано, настапувано и снимано музика за виолончело од словенски композитори. Има докторирано на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Работи како професор по виолончело и камерна музика на Универзитетот во Северен Колорадо. Пред неговото академско место, тој беше дел од Симфонијата Финекс како прво виолончело. Фаганел редовно води мастер часови и подучува на летни музички програми во САД и низ Европа.
Пијанистката Маја Божиновска (1993) е родена во Битола, каде го завршува основното и средното музичко училиште. Во 2015 година таа дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а во 2017 магистрира под менторство на светски познатата Лилја Зилберштајн (Русија/Австрија). Учесник е на повеќе натпревари на државно и меѓународно ниво каде остварува високи резултати. Соработува со голем број уметници. Учествува на најразлични културни манифестаци и фестивали во земјава, а за време на своето образование редовно одржува концерти и рецитали. Во текот на изминатиот период настапува во повеќе земји: Србија, Косово, Франција, Италија, Австрија, како и низ Македонија. Од 2017 година е член и на камерниот оркестар на Битола. Од 2015 година, работи како професор во Државното музичко училиште во Битола, каде остварува значајни резултати со нејзините ученици.
На нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од различни епохи и композитори како Бах, Бетовен, Шопен, Брамс, Лист, Дебиси и многу други како и дела на композитори од македонското творештво: Г. Коларовски, Ж. Глишиќ, И.Илиевски, Т. Скаловски, Т. Прокопиев.
Влезот за концертот е слободен.