ТВ Канал 5 поднела кривична пријава против Саше Политико за говор на омраза

Пријавата била поткрепена со многубројни писмени докази, од кои се гледа како Ивановски, на својот портал Мактел, брутално и со омраза говори за телевизијата и за новинарите во неа.

4686

Телевизијата Канал 5 поднела кривична пријава против Саше Ивановски наречен Политико, за сторено кривично дел говор на и од омраза.

Плусинфо дознава дека кривичната пријава е поднесена пред десетина дена, преку МВР до Основното јавно обвинителство, по стандардната процедура.

Пријавата била поткрепена со многубројни писмени докази, од кои се гледа како Ивановски, на својот портал Мактел, брутално и со омраза говори за телевизијата и за новинарите во неа.

Се чека реакција на Обвинителството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...