Попладнево изби пожар во зградата на Министерството за правда во Скопје.
Како што информираат од Противпожарната бригада, пожарот избил во 16.45 часот на улицата Димитрие Чупoвски. Се интервенира со 6 возила и повеќе пожарникари.
Пожарот избувнал на четврти кат. Неофицијалните информации говорат дека се зафатени две канцеларии. Покрај противпожарните и полициските, пред Министерството имало и екипа на Итната медицинска помош, но нема информации за повредени лица.
Фото: Плусинфо