Болтон: САД решени да го поддржат продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина

55

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, во разговор со првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, ја потенцира одлучноста на актуелната администрација на САД да го поддржи продолжувањето на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на Високиот претставник на ЕУ за  надворешна политика, пренесува Танјуг.

– За време на вчерашните разговори во Вашингтон, на маргините на Министерската конференција посветена на верските слободи, министерот Дачиќ се заложи за натамошно зајакнување на билатералните односи со Соединетите Американски Држави и нивно подигнување на повисоко ниво, особено имајќи го предвид сојузништвото на двете земји во двете светски војни – соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Болтон се согласил со оценката на Дачиќ за неопходноста од натамошно унапредување на билатералните односи на сите нивоа и ја истакнал решеноста на актуелната администрација на САД за поддршка на што поскоро продолжување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...