Украдена идеја за проект го натерала да подметне пожар, загинаа 33 лица во Јапонија

199
ФОТО: EPA / JIJI

Лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.

Според 41-годишниот човек, студиото му украло идејата за проект, соопшти полицијата и додаде дека во моментов се уште се разјаснуваат околностите за инцидентот.

Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.

ФОТО: EPA / JIJI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...