Верушевски избран за претседател на Комисијата за внатрешни работи на СДСМ

Снежана Калеска е избрана за Координаторка на Форумот на жени на СДСМ.

4034

На денешната седница на Централниот обор на СДСМ се назначени нови претседатели на комисии.

– Претседател на Комисијата за внатрешни работи е проф. д-р Зоран Верушевски, на омисијата за европски прашања е Бојан Маричиќ, на Комисијата за економија – Киро Кормишовски, на Комисијата за животна средина и просторно планирање – Каја Кишукова, на Комисијата за здравство – д-р Венко Филипче, на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство – Зоран Атанасов, на Комисијата за труд и социјалана политика – Милан Живковиќ, на Комисијата за култура – Роберт Алаѓозовски, на Комисијата за образование и наука – Елизабета Наумовска, на Комисијата за надворешни работи – Едмонд Адеми, на Комисијата за одбрана – Драган Николиќ, на Комисијата за правда – Златко Николовски, на Комисијата за транспорт и врски – Благој Бочварски, на Комисијата за финансии – Фатмир Бетиќи, на Комисијата за информатичко општество и администрација – проф. д-р Драган Гоцевски, на Комисијата за локална самоуправа – Дејан Павлевски, на Комисијата за енергетика – Митко Андреевски. Го проширивме бројот на Комисии и воведовме нова, Комисија за спроведување на политиките едно општество за сите граѓани – изјави вечерва генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Во наредниот период останува да се комплетираат секретаријатите на овие комисии, коишто ќе работат интензивно на креирање на нови мерки и политики и на реализација на она што е ветено пред граѓаните.

Снежана Калеска е избрана за Координаторка на Форумот на жени на СДСМ.

– Задоволство ми е што имаме многу нови луѓе, млади, кои во спој со искусни и стручни луѓе, со авторитет и одговорност ќе дадат нов квалитет во делувањето на СДСМ и особено во делот на креирање на политиките. Во овој период артикулиравме на централно и локално ниво 700 нови луѓе во извршните одбори на општинските огранизации, во партиските комисии и како претседатели на општински организации на СДСМ, процес којшто е целосно завршен – додаде тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...