Судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села продолжува на 16 април откако на денешното шестчасовно рочиште беа сослушани тројца сведоци.
На следното рочиште за шест дена, исто така, се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои во судница ќе влезе уште еден пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири.
Денеска последен сведочеше Александар Кирацовски, а пред него како што информиравме во текот на денот, во судница влегоа и претседателот на Собранието Талат Џафери и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.