СДСМ работи во интерес на воспоставување на правната држава и она што значи наша граѓанска обврска пред законите и уставот, а најмногу пред граѓаните. Прв кој го пријавил случајот „Рекет“ бил токму претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, правната држава функционира, рече пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.
– Од страна на СДСМ беа поставени две прашања во однос на овој случај и сметаме дека доколку не добиеме одговор, може драстично да ја променат ситуацијата. Дополнително оставаме институциите детално да го разгледаат случајот сѐ со цел во во интерес на правната држава и интересот на сите граѓани. Мицкоски треба да даде одговор на прашањата: Дали имал средба со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор? И дали посегнал по парите на еден од осомничените? – рече Костадинов.