Пред неколку недели врз Катица Јанева се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење, објави Алсат ТВ.
Пред неколку месеци, таква операција, пишува медиумот, направил и Бојан Јовановски – Боки 13.
Јанева пред три дена си даде оставка и од тогаш не се појавила на работа во СЈО. Во вторник, таа отворила боледување кое денеска е доставено во обвинителството чија шефица е таа. Меѓутоа, тоа не се поврзува со операцијата за слабеење.