Жбогар: „Рекет“ не влијае на европерспективата, лидерите да најдат решение за СЈО

255

Последните случувања во врска со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава, смета мбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар. Напротив, како што вели, активностите што ги презема Јавното обвинителство претставуваат функционирање на владеењето на правото.

– Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО покажува дека има напредок и тоа е добро – изјави Жбогар денеска во Слатино.

Во изминатите неколку години, како што посочи, СЈО навистина напорно работеше и заврши многу добра работа, работеше на градење судска пракса за случаите на корупција и многу добро ги проследи кривичните дела кои произлегоа од прислушуваните разговори.

– Таму работат инзвонредни правници и истражители. Очекувам дека политичките лидери, кои се надевам дека ќе се сретнат на утре ќе се обидат да најдат решение за иднината на СЈО во рамки на Јавното обвинителство – рече Жбогар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...