Директорка на банка била ранета утрово во Србија, пренесува „Курир.рс“. Непознатиот напаѓач со скутер се доближил до неа, ја симнал кацигата и потоа пукал кон неа.
Љубица Мичиќ требало да оде на работа, кога некој пукал во неа. Некој од соседите тврделе дека станува збор за непознат крупен маж, додека други кои се нашле близу ранетата рекле дека од неа слушнале оти видела жена.
Таа била разведена и мајка на една ќерка, која сега била на летување. Според соседите, Љубица нема никакви врски со криминални лица. Со нејзиниот поранешен сопруг била во добри односи, бидејќи како што рекле тие што ја познаваат, имаат дете.
ФОТО: Курир.рс