Иако многу популарната апликација FaceApp моментално „пали и гаси“ на социјални мрежи, некои корисници се загрижија за нивните фотографии, односно што се нив се случува откако ќе ги испратат на серверот на руската апликација.
Правата при користење што ги прифаќаат корисниците при првото покренување на ФејсАп му даваат на компанијата ѝ даваат право да ја користи вашата фотографија за реклами и други примени кои, како што стојат, не се дефинирани.
Дали постои причина за загриженост тука? Зависи до тоа колку ги цените вашите приватни информации.
Зад апликациајта која, на прв поглед, е осмислена само за забава се крие и мрачна страна.
„Ако користите ФејсАп, им давате дозвола да ги користат вашите фотографии, име, корисничко име и вашиот изглед за која било намена, вклучувајќи ги и комерцијалните цели, како што е билборди или реклама на интернет“, напишала aдвокатката Елизабет Потс Вајнштајн.
„Вие му давате на ФејсАп постојана, неотповиклива, бесплатна лиценца за користење, репродукција, менување, прилагодување, објавување, преведување, креирање дериватни дела, дистрибуирање, објавување и прикажување на вашата корисничка содржина и на секое име, корисничко име или каква било сличност што сте ја дале во врска со вашата корисничка содржина во сите медиумски формати и канали кои сега се познати или ќе бидат развиени подоцна, без компензација за вас“, стои во цитатот на Џејмс Витли, стратег од британската технолошка компанија „Дигитас“.
Џастин Бибер
FOTO: Printskrin/Instagram/Tviter/Index.hr