Катица е на боледување

1182

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство во оставка, Катица Јанева е на боледување, и официјално потврдија од СЈО. Таа боледувањето го отворила ден по поднесувањето оставка од функцијата, односно на 16 јули.

Плусинфо веќе објави дека денеска ќе биде познато дали Јанева ќе оди на боледување или ќе го искористи годишниот одмор.

Од СЈО не откриваат од што е болна Јанева и врз основа на каква документација го отворила боледувањето.

Специјалната јавна обвинителка во понеделникот на јавноста и соопшти дека поднесува оставка, но формално таа останува на чело на институцијата додека не биде избран нејзин наследник.

Јанева веќе трет ден не се појавува на работа, а нејзина замена се обвинителките, Ленче Ристоска и Елизабета Јосифовска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...