На аеродромите во Подгорица и Тиват вчера било пријавено дека е поставена бомба.
Еден од патниците кој се наоѓал на аеродромот во Подгорица изјавил дека полицијата ја прегледувала торбата на секој од нив.
На аеродромите била зајакнета контролата на полицијата и бил извршен детален преглед.
Претходно известивме дека и на белградскиот аеродром имало дојава за бомба.„Новости“ дознава дека од авион на „Луфтханза“, кој бил подготвен за лет кон Франкфурт, утрово се евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот поради дојава дека во леталото е поставена експлозивна направа.