Ако работите се гледаат од друг агол, Орце Камчев (ваков, таков, онаков, каков и да е) со 1,5 милиони евра, успеа да ја урне довербата на СЈО и правната држава, а и на Владата.
И тоа само поради некои прости, неизживеани и лакоми криминални умови во СЈО и поедини политички ликови инволвирани во случајот ”Поткуп”.
Уште еднаш апелирам, одете до крај.
Немојте поради некои криминалци во вашите редови да пропадне целиот труд и напор што граѓаните го вложија во рушењето на претходната власт. А заедно со нив и вие.
Без пардон затворете ги сите до еден кои се инволвирани во случајот. Немојте да тактизирате и да играте на факторот време.
Ова не се заборава.
Одберете го помалото зло.
(ФБ статус на Томе Милошевски, поранешен помошник министер за внатрешни работи)