Отфрлено обвинението за сексуален напад против Кевин Спејси

Оскаровецот Спејси во меѓувреме се нашол на мета на неколку обвиненија за сексуално вознемирување. „Нетфликс“ исто така ги прекинале сите врски со актерот.

166

Канцеларијата на обвинителот од окружниот суд во Нантакет, Масачусетс објавила дека се откажува од кривично гонење поради „недостапност на оштетениот во својство на сведок”, пишува „Холивуд рипортер“.

59-годишниот Спејси бил обвинет за наводен сексуален напад на работник во ресторан во 2016 година. На сослушувањето пред една недела, оштетениот одбил да сведочи за тоа дали ги избришал своите СМС-пораки кои му ги праќал на Спејси.

Минатата година, еден месец по отворањето на кривичната постапка, мајката на наводната жртва на прес-конференција го обвинила Спејси дека сексуално го вознемирувал нејзиниот син откако му купил алкохол. Во САД не е легална консумацијата на алкохол за помлади од 21 година.

Оскаровецот Спејси во меѓувреме се нашол на мета на неколку обвиненија за сексуално вознемирување. „Нетфликс“ исто така ги прекинале сите врски со актерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...