Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери блиски до Заев. Се додека разни „Кики, Фрики и специјални обвинителки” се недопирливи за истрагата и заштитени од Заев, Македонија ќе тоне во криминал, корупција и рекет, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.
„Се додека законите не важат за градоначалници што киднапираат и малтретираат или генерални секретари што договараат тендери, Македонија нема да добие датум за преговори. Власта на СДСМ на чело со аболицираниот Заев по кој зна кој пат застана на страната на криминалот. Криминалната банда продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните по политичко-медиумско-
Кои се Кики и Фрики, одговор на ова прашање мора да има, мора да се дознае кои високи државни и партиски функционери биле вмешани во овој нов мега скандал, бара опозициската партија.
„Каква е инволвираноста на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и поради која причината и беше одземен телефонот? Рускоска обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта, овој случај мора да се расчисти до крај. Мора да се стигне до главата на октоподот на чие чело е единствениот политичар во Европа кој е три пати амнестиран за криминал. Се додека овој случај не се расчисти, и оваа криминалната банда не си замине од власт, Македонија нема Европска иднина. Правната држава е далеку од реалност, а датумот за преговори со Европската Унија само уште едно лажно ветување на Зоран Заев“, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.