Дваесет и осумгодишен таксист од Дубровник бил ранет синоќа во самиот центар на градот, во него биле испукани шест куршуми.
Очевидците кажале дека еден од куршумите го погодил во коленото, пренесуваат тамошните медиуми.
Со таксистот имале расправија две машки лица, кои се во бегство. По расправијата дошло и туркање, а потоа и пукање.
Во соопштението од полицијата се наведува дека несреќниот настан се случил 45 минути по полноќ и дека е ранет 28-годишник, кој се наоѓа во болница.
– Пред пукањето имало вербален и физички напад помеѓу две машки лица и повредениот. Напаѓачите веднаш по нападот се оддалечиле од местото на настанот во непознат правец. За нив се трага интензивно. Полицијата го знае идентитетот на еден од напаѓачите – соопштила полицијата.