Двајца Кинези го бркале со сатар во раце зашто не платил сметка во „Лептокарија“

9987

Министерството за внатрешни работи ја расчистува бркотницата во трговскиот центар „Лептокарија“ во која маж и жена Кинези бркаа со сатар во рацете муштерија кој се пожалил на висока сметка во ресторан.

Случајот, според МВР, е документиран и се работи на негово расчистување.

Претпладевно на Фејсбук скопјанец објави видеа на кои се гледа како двајца Кинези, маж и жена бркаат друг маж. Жената во раката држи нож. Во текот на денот видеата беа отстранети од социјалната мрежа.

Засега, нема повеќе детали за случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...