Одбиени жалбите за притвор на Боки 13 и на Кичеец

1100

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ги одби жалбите за притвор на Бојан Јовановски алијас Боки 13 и Зоран Милески викан Кичеец.

Како што соопшти Кривичен суд, постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15 јули 2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите, како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост.

Кривичниот суд на 15-ти овој месец го прифати предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и им определи 30 дневен притвор на двајцата осомничени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...