И по трагедијата во Ласкарци, голем број автобуси возат со технички пропусти

177
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI

Од 158 контролирани возила што вршат јавен превоз на патници половината се испратени на технички преглед откако вчера кај нив биле констатирани разни неправилности, соопшти полицијата.

Во Штип контролирани се 93 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 74 се упатени во станица за технички преглед. При контролите констатирани се девет неправилности, односно кај две е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, четири имале неисправни светлосни уреди и две непродолжена регистрација. Санкционирани се и 18 останати прекршоци.

Во Велес била извршена контрола на техничката исправност на 43 автобуси и возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, била утврдена неисправност на три возила од контролираните 21, во Кавадарци од контролираните 10 возила сите биле исправни и во Неготино контролирани биле 12 возила и ситe биле исправни. На возачите на неисправните возила им се изречени соодветни казни.

Во Струмица се контролирани 84 возила, од кои 45 се упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив се констатирани неправилности, поради кои возилата се исклучени од сообракај и се издадени шест прекршочни платни налози.

Во Битола била извршена контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, било констатирано дека девет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 11 возила, брзината ја надминале пет возачи, а тројца зборувале на мобилен телефон.

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...