Костадин Костадинов наместо да држи бледи прес конференции нека одговори што има договарано на средбите со Боки 13, повика денеска ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали има разговарано за рекет и колкав бил рекетот изнудуван од бизнисмени? До вчера Костадин Костадинов исто како и неговиот шеф Зоран Заев му даваа кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува рекет. Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа. Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев најдобро што можат да направат е да распишат предвремени парламентарни избори, бидејќи нивниот крај доаѓа. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, Костадин Костадинов, Зоран Заев и сите кои во моментов имаат заштита за сомнежите за криминал ќе одговараат пред законот“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.