Во период кога во јавноста топ тема е случајот „Рекет“, премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека и нему му се обратиле уценувани бизнисмени.
– Да, ми се обратиле бизнисмени дека биле уценувани. Се знае како постапува секој граѓанин, така постапува и премиерот. Го пријавив тоа – рече Заев.