Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп (25), пристигнала во Црна Гора и се сместила во најскапиот хотел „Regent“ во Тиват.
Со партнерот Мајкл Булос, таа престојувала во луксузен апартман во кој едно ноќевање чини неколку илјади евра, пренесува српски „Блиц“.
Но, јавноста со денови зборува за изгледот на Тифани, поради очигледните промени кај ќерката на американскиот претседател. Освен што добила вишок килограми, судејќи по коментарите, обожавателите биле шокирани и од нејзиниот изглед без шминка.
„Што ѝ се случило? Барем таа има доволно пари за да може да вложи нешто во себе. Меланија е 20 години постара, а изгледа двојно подобро”, се само некои од коментарите кои се појавиле по објавените фотографии.
FOTO: Instagram/Printskrin
FOTO: Profimedia/Printskrin