Пристигнува филмскиот спектакл за Елвис Присли: Еве кој ќе го глуми кралот на рокенролот ФОТО

Овој 27-годишен актер победи во конкуренцијата на звучните имиња на помладата генерација.

499

Остин Батлер ќе го глуми Елвис Присли во биографскиот филм кој режисерот Баз Лурман наскоро почнува да го снима. Овој 27-годишен актер победи во конкуренцијата на звучните имиња на помладата генерација, меѓу кои беа и Мајлс Телер, Арон Џонсон-Тејлор, Ансел Елгрот и Хари Стајлс.

Другата главна улога му припадна на славниот оскаровец Том Хенкс, кој ќе го толкува ликот на полковникот Том Паркер, долгогодишниот менаџер на Присли.

– Знаев дека нема да можам да го снимам овој филм ако изборот на актерите не биде апсолутно исправен и темелно ѝ се посветивме на потрагата по актер кој ќе може да ги долови единствените движења и вокалните способности на оваа неприкосновена ѕвезда, но и неговата внатрешна ранливост што ја имаше како уметник – изјавил режисерот за „Дедлајн“.

Остин Батлер е познат главно по улогите во ТВ-сериите, како „Заменети на раѓање“ и „Дневниците на Кери“, а публиката наскоро ќе може да го види и во најновото остварување на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“.

Филмот наскоро ќе почне да се снима во Австралија, а сè уште не е познато кога ќе стаса во киносалите ширум светот.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...