Медиумите во соседството со голема заинтересираност го следат случајот „Рекет“, откако завчера беа приведени Бојан Јовановски, алијас Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец поради рекет врз бизнисмени.
Српскиот РТС пишува дека скандалот се заканува да го урне судството. Медиумите известуваат и за вчерашното барање на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, шефицата на специјалното обвинителство, Катица Јанева, да биде притворена откако полицијата го зема нејзиниот мобилен телефон како дел од истрагата за изнудувањето пари.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, рече дека апсењето на две лица за наводна изнуда е „театар“ со кој се заштитуваат вистинските криминалци, односно Катица Јанева, пишува RTS.
Друг медиум пак пишува дека: Аферата„Рекет“ ја тресе Северна Македонија: „Падна“ Боки 13, а под истрага е и еден јавен обвинител“.
Медиумите во регионот ја пренесуваат и изјавата на премиерот Зоран Заев дека отворањето на истрагата во случајот на „Рекет”, во која беше уапсен Бојан Јовановски, познат како шоумен „Боки 13″, покажува јасна и недвосмислена борба против криминалот и корупцијата во земјат и дека овој случај нема да влијае на кредибилитетот на Специјалното обвинителство, што предизвикува бура од реакции со оглед на тоа што главниот збор во СЈО го имаше Јанева, за која опозицијата побара притвор поради сомнеж за нејзината вмешаност во рекетарската афера.
Во интервју за агенцијата МИА, Заев побара од обвинителството во Скопје да ја открие вмешаноста на специјалната обвинителка Катица Јанева, која се повлече од функцијата, пренесуваат медиумите во регионот.