Деветнаесетгодишниот Иван Рониќ, убиен од својот 63-годишен дедо, пред да им подлегне на повредите и рекол на својата мајка Моника да го чува неговиот син, стар 20 дена.
Анџела Рониќ, помладата сестра на Иван, со солзи во очите раскажала за „Курир.рс“ за последните мигови од животот на својот брат.
– Лежеше во ходникот целиот во крв и низ шепот неколку пати повтори: „Мамо, знам дека сум готов. Само едно те молам, чувај ми го синот. Немој да дозволиш некој друг да го земе. Чувајте го само ти и мојата Романа“. Мама го тешеше и му велеше дека ќе остане жив – плачејќи раскажала Анџела, која го гледала братот како умира.
Несреќната девојка била сведок на масакрот на својот дедо Ненад, кој освен внукот, го убил и неговиот татко, а својот зет, 38-годишниот Јастрев Асановиќ. Сопругата на Иван и неговиот 15-годишен брат Бенџамин се тешко повредени.
Анџела раскажала дека кобната вечер била заедно со родителите, браќата, снаата и бебето, кога дедото влетал и почнал со масакрот.
– Беше страшно. Одеднаш го слушнавме дедо како вика и почна пукањето. Тато и мама истрчаа од собата, а дедо пукаше кај ќе стигнеше. Тоа беа секунди. Романа, мојата снаа, излезе надвор, па втрча и ми рече да го земам бебето и да го спасам. Ја послушав и се скрив позади креветот. Седев на подот, ја спуштив главата за дедо да не ме виде ако влезе. Одеднаш се се стиши. Излегов од собата и го видов Иван како лежи во ходникот. Тато беше во дворот, исто така целиот во крв. Ја погледна мајка ми, воздивна и почина. Со отворени очи, гледајќи ја мама. Потоа дојде полицијата, а јас излегов од куќата да го гледам тато, да го запомнам. Со часови лежеше мртов во дворот – рекла Анџела присетувајќи се на трагедијата.
Според очевидци, убиецот влетал во дворот на својата ќерка Моника откако некој му кажал дека нејзиниот син го убил неговиот внук од синот Синиша, кој тој ден дошол од Германија.
– Веднаш почна да вика „Џани умре, сега ќе видите сите вие, ќе ве убијам! Ни бебето нема да остане!“. Некој му рекол дека неговите внуци, од ќерката и синот, се степале и внукот од ќерката го убил другиот, кој се вика Џани. Тоа не беше точно, но го збесна Ненад. Беше многу пијан – рекол очевидец.
Огорчени на надлежните, Брзата помош доцнела, полицијата не реагирала на време
Анџела, соседите и роднините на убиените и ранетите изјавиле дека се огорчени на Брзата помош, која според нивните зборови, дошла на местото на масакрот по 45 минути.
– Долго ја чекавме, повеќе од половина час, сите ги бараа на телефон, им велевме да побрзаат. Иван беше жив, но умре во болница – рекла Анџела.
Нејзините роднини рекле дека им се лути и на полицијата, која знаела дека Ненад е агресивен и дека има оружје.
– Полицијата поради тепачките кои ги предизвикуваше Ненад реагираше безброј пати – рекол роднина.
Ќерката спречила поголема трагедија
Поголема трагедија спречил соседот Милош Стефановиќ, кој успеал да му ја одземе пушката на дедото, но со него се борела и ќерката Моника, која во секунда останала и без сопруг и без син, додека снаата и другиот син ѝ се во болница.
– Моника се бореше со својот татко, сакаше да му ја земе пушката. Успеа да го задржи и да не влезе во куќата, да не го убие бебето и останатите. На крајот соседот успеа да го совлада – рекол соговорник, кој додал дека Моника заминала во болница да ги види ранетата сопруга и ранетиот син.
ФОТО: Курир.рс