Стрикото ѝ го убил мажот, кој со години ја тепал, ужас во Србија

375

Четириесет и петгодишен маж е убиен при пукање кое се случило вчера во селото Враново кај Смедерево.

Полицијата брзо потоа уапсила 69-годишник, кој се сомничи дека го извршил злосторството.

Нешто по 16 часот, убиениот дошол пред вратата на убиецот и барал да ја види сопругата, која два дена претходно го напуштила.

Напаѓачот, стрико на несреќната жена, рекол дека ќе оди да ја повика, но наместо тоа, го зел пиштолот и пукал во жртвата.

Потоа седнал и побарал од соседите да повикаат полиција.

Како што дознава „Курир.рс“, жената дошла кај својот стрико бидејќи не можела да го поднесе малтретирањето од сопругот, кое траело со години.

Пред два дена, наводно, тој ја претепал, па таа одлучила да си замине. Иако многу пати го пријавувала за насилство, ништо не се променило.

Наводно, убиениот барал таа да му се врати, се заканувал и бил насилен.

– Се расправаше со неа, се закануваше, ѝ досадуваше. Слушнавме дека тој ден имал и пиштол. Можно е стрикото да се исплашил дека ќе ја убие, па затоа одлучил тој да го впери пиштолот кон него – кажале соседите.

Бидејќи несреќната жена немала татко, нејзиниот стрико ја презел таа улога. Тој бил многу заштитнички настроен кон неа, што за жал, завршило со трагедија, пишува медиумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...