МКД: Јанева со два телефонски повика се спасила од приведување

12989

Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи вчера имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, неофицијално дознава МКД.мк.

Додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанева се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутни на овој случај, за порталот тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките се депонирани во странство.

После ова, налогот бил заборавен, објави МКД.мк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...