Наскоро се навршуваат 22 години откако принцезата Дијана го загуби животот во сообраќајна несреќа. Тоа време не го избриша сеќавањето за „англиската роза“, а јавноста сè уште е заинтересирана за сите детали поврзани со нејзиниот живот
Моделот со логото на „Virgin Atlantic’s Varga Girl“ е продаден за неверојатни 53.532 долари и веројатно стана најскапото парче облека за вежбање. Купувачот сакал да остане анонимен, па не е познато во чии раце отишла маицата која ја обожаваше принцезата Дијана.
По смртта на принцезата, маицата ја доби Џени Ривет, која ѝ беше тренер на принцезата, и кој ги донираше парите од продажбата за хуманитарни цели.
Леди Ди се појавувала во јавноста во синиот дуксер за да ги спречи папараците да добиваат нови фотографии.
– На секој тренинг околу принцезата се собираа новинари со скали, камери и објективи. Дијана мислеше дека ако постојано ја носи истата маица – дека ќе запре таквото медиумско лудило – објаснила Ривет.
Маичката со логото „Флај леди“ на принцезата ѝ ја подарил милијардерот Ричард Бренсон, основачот на компанијата „Вирџин Атлантик“. Неколку месеци пред својата смрт, принцезата ја дала маицата на својот тренер.
FOTO: Instagram/Printskrin