Верно куче во Грција неодамна ги растопи срцата на милиони луѓе низ целиот свет, откако беше објавено дека последните 18 месеци ги поминува кај светилиштето на патот каде што неговиот сопственик трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа.
Неименуваното бело куче кое го доби прекарот „грчкиот Хачико“, според легендарниот Акита Ину кој помина години во железничката станица во Јапонија чекајќи го својот сопственик кој починал, наводно живее покрај патот во близина на грчкото гратче Нафпактос последната година и пол. И покрај напорите на неколку локални жители кои посакале да го вдомат, тој секогаш бега и се враќа на местото каде што неговиот сопственик починал.
Трагичната смрт на сопственикот на кучето, 40-годишниот Харис, го потресе регионот на 9 ноември 2017 година, откако пред само неколку години неговиот брат бил убиен во слична несреќа. Браќата ги загубиле своите животи на неколку километри од нивните домови, но во случај на Харис приказната стана уште потрагична со оглед на фактот дека кучето остана покрај светилиштето покрај патот изградено во чест на неговото сеќавање.