Во населбата Сити кварт во Подгорица утрово околу 4.30 имало експлозија. За среќа, нема повредени.
– Утврдено е дека експлозивната направа била поставена помеѓу локалот и градината. Интензивно се работи на расветлување на случајот – соопштила управата на полицијата, пренесува порталот Вијести.
Како што се наведува, причинета е материјална штета со тоа што стаклата биле искршени.