Зграда од четири ката се урна денеска во индискиот финансиски центар Мумбај, при што најмалку четири лица загинаа, а десетици се затрупани под урнатините, изјави припадник на пожарникарската служба.
– Не знаеме точно колку луѓе се блокирани, но според информациите од соседите, сметаме дека веројатно станува збор за повеќе од 30 – истакна истиот извор, додавајќи дека тесните улици во тоа подрачје ги оневозможуваат спасувачките операции.
Ова е втор таков случај на просторот на повеќемилионскиот Мумбај за помалку од десет дена.
Поројните монсунски дождови често се опасност за старите или лошо изградени објекти.