Ривал на Металург е полски Заглебие Љубин, а кумановки ќе играат со Чехињите од Славија Прага

65
ФОТО: МИА

Македонските ракометни претставници, Металург и Куманово денеска ги добија своите противници во ЕХФ купот во женска конкуренција.

Ждрепката во Виена денеска одлучи ЖРК Металург да се соочи со Заглебие Љубин од Полска, додека ЖРК Куманово за ривал го доби чешкиот клуб Славија Прага.

Првите дуели се играат на 7 или 8 септември, додека реваншите се закажани за по една седмица.

Двата македонски претставници ќе бидат домаќини во првите натпревари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...