Тепачка на житниот пазар во Кичево

104
  Во полициската станица во Кичево во текот на вчерашниот ден околу 12 часот било пријавено дека на Житен пазар на улицата „Маршал Тито“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад.
Ш.И. (61) со остар предмет му нанел телесни повреди на Д.С. (55), двајцата од Кичево. На Д.С. му била укажана лекарска помош во Општата болница во Кичево.
По целосно документирање на случајот, против Ш.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...